Какво време не очекува до крајот на оваа недела?

Какво време не очекува до крајот на оваа недела?

МАКЕДОНИЈА
Македонија во среда ќе биде под влијание на влажна воздушна маса која што ќе услови врнежи од дожд, а на планините со врнежи од снег. Локално се очекуваат да наврнат до 10 литри дожд.
Ќе дува претежно слаб јужен и југоисточен ветер.
Утринските температури од 1 до 7 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4 односно до 12 степени.

СКОПЈЕ
Во Скопје во среда ќе биде облачно со врнежи од дожд. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максималната дневна до 10 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
Во четврток во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Утринските температури од 0 до 5 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 7 односно до 14 степени.
Во петок умерено облачно со сончеви периоди. Утринските температури од -1 до 4 степени, а максималните дневни до 8 односно до 15 степени.
Умерено облачно со сончеви периоди ќе биде и во сабота. Утринските температури ќе бидат во благ пораст и ќе се движат од 1 до 6 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат од 8 до 15 степени.
Во Македонија во недела ќе биде претежно облачно. Минималните температури од 3 до 8 степени, а максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 5 до 12 степени.

Weather4all.com.mk