МОН вработува наставници за дополнителна настава по мајчин јазик во странство
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА Врз основа на член 7 став 1 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија, број 103/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14 и 10/15) и член 3 од Правилникот за начинот и постапката за избор на наставници кои реализираат настава за основното образование на мајчин јазик за децата на граѓаните на Република Македонија кои престојуваат во странство бр. 101517/1 од 09. 04. 2010 година и член 1 од Правилникот за дополнување на Правилникот за начинот и постапката за избор на наставници кои изведуваат настава за основно образование на мајчин јазик за децата на граѓаните на Република Македонија кои престојуваат во странство број 116938/1 од 16. 11. 2012 година, Министерството за образование и наука објавува
КОНКУРС
За избор на наставници за реализирање на дополнителна настава за основно образование на мајчин јазик за децата на граѓаните на Република Македонија кои престојуваат во странство
1 Се објавува Конкурс за избор на наставници за реализирање на дополнителна настава за основно образование на мајчин јазик за децата на граѓаните на Република Македонија кои престојуваат во странство за следниве држави:
Република Швајцарија (македонски јазик)
- Еден (1) наставник во Данж, Ешалан, Ренан, Веве;
Република Германија (македонски и албански јазик)
- Еден (1) наставник во Берлин и околината (македонски јазик);
- Еден (1) наставник во Франкфурт и околината (македонски јазик);
- Еден (1) наставник во Дизелдорф и околината (албански јазик);
- Еден (1) наставник во Бохум, Вулертал и околината (албански јазик).
1. 1. Наставата ќе се изведува на следните јазици: Република Швајцарија (еден наставник), Република Германија (двајца наставници): македонски јазик; Република Германија (двајца наставника): албански јазик.
2. Заинтересираните кандидати потребно е да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршено високо образование за одцеленски наставник, педагог или наотавник по мајчин јазик;
- Да имаат работен стаж од најмалку пет години во основно училиште;
- Да го познава јазикот на државата за која конкурира;
- Да е државјанин на Република Македонија;
- Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.
Времетраењето на ангажирањето на наставникот трае четири учебни години. Проверка на познавање на јазикот на државата за која конкурира пријавениот кандидат го врши Министерството за образование и наука. Избраниот наставник, во рок од 15 дена од денот на склучувањето на договорот за работа, има обврска да оствари личен контакт со одговорното лице во Агенцијата за иселеништво и да остави свои контакт податоци.
3. Потребни документи:
- Молба;
- Диллома за завршено високо образование;
- Кратка биографија со фотографија;
- Потврда за работен стаж во основно училиште;
- Уверение за познавање на јазикот на земјата за која конкурираат;
- Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност. Министерството за образование и наука, по службен пат, согласно лотпишаните договори за соработка, ќе обезбеди уверение за државјанство на Релублика Македонија од Министерството за внатрешни работи.
4. Дневно работно време на наставникот:- 8 часа во зависност од организацијата на вослитнообразовната работа на наставникот,
4. 1. Неделно работно време на наставникот:- најмалку 5 (пет) дена во неделата.
4. 2. Основен надоместок за работа во странство на наставникот изнесува: Република Швајцарија- 1 600 евра; Република Германија- 1600 евра.
Документите се поднесуваат во рок од 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот во архивата на Министерството за образование и наука, ул„Кирил и Методиј, бр. 54, 1000 Скопје, со назнака „Конкурс за наставници во странство документите се доставуваат во оригинап или копија заверена на нотар.
5. Изборот на кандидатите го врши Комисијата формирана со решение на Министерот за образование и наука во рок од 30 дена од денот на завршувањето на Конкурсот.