Оглас за вработување во Пивара Скопје АД
Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија. Успешната приказна се создава уште во 1924 година и е резултат на огромното залагање, енергија, знаење, искуство и тимска работа на голем број професионалци.
Пивара Скопје АД е горда што е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola и Heineken. Можеме да се гордeeме со брендови кои се со врвен квалитет и се најдобри на домашниот и на светските пазари. За потребите на компанијата бараме:
Сменоводител во електро - одржување
Квалификации:
• ССС/ВСС Електротехника
• Најмалку 2-3 години искуство во електро одржување
• Познавање на GMP стандарди, HACCP, ISO 9001, ISO 14001, OHSAS
• Добро познавање на англиски јазик и MS Office
• Валидна возачка дозвола – Б категорија
• Прецизност, точност, ефикасност
• Одлични организациски и комуникациски способности, управување со луѓе
• Искреност, отвореност, однесување со почит, насоченост кон постигнување на исклучителни резултати, тимски играч, лојалност, склоност кон учење и отвореност кон нови искуства и знаење
Одговорности:
• Обезбедува и организира ефикасно управување со активности во смената
• Анализира и решава проблеми со електро дефекти
• Организира и спроведува квалитено извршување на електро поправки и одржување на машините во секторот и по потреба во другите делови од секторот
• Управува со активности на електро одржувањето во други објекти и погони од производствен и непроизводствен карактер во кругот на компанијата
• Одлучува и превзема иницијатива во поправка на машините и средствата, одговара за нивната правилна функција после интервенција или после идентификација на проблемот, се со цел безбедна работа по луѓето и намалување на последиците од грешки во процесот на производство
Работно време: во смени
Минимум бруто плата: 38.000 ден.
Компанијата Ви нуди одговорна работна позиција, исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, како и наменски обуки.
Доколку ги исполнувате бараните услови и сте заинтересирани за професионален предизвик, Ве молиме вашата пријава и биографија да ја испратите на нашата адреса, со загарантирана дискреција. Задолжително назначете ја позицијата за која што аплицирате. Краен рок за доставување на апликациите е 08.03.2015.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор, ќе бидат контактирани.
Во зависност од бројот на пристигнати апликации, изборот ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
E-mail: prijava@hill-international.com.mk
Хилл Интернатионал, Анастас Митрев 26/3, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481
www.hill.mk