Архитектура совршена за паузите на работа

Архитектура совршена за паузите на работа

Подготвил: Драгана Петрушевска


Изолацијата од природата и свежиот воздух со која се соочуваат многумина поради работата може да не' направи депресивни.

„Залевски архитектура“, полска архитектонска фирма, создала досетлив концепт кој би ги решил овие проблеми.

Се работи за висечки надворешен премин кој ги поврзува канцелариите и им овозможува на вработените да излезат на пауза на зелена површина и на свеж воздух.

Генијално!