Хард диск од ДНК има капацитет да чува информации околу 1 милион години

Хард диск од ДНК има капацитет да чува информации околу 1 милион години

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Замислете дека можете да ги имате информациите од целиот свет. Сега замислете како ги складирате овие информации и ги зачувувате од поминати 1 милион години.

 

2


Како би изреагирале кога би дознале дека сите информации можат да се зачуваат за 1 милион години во временска капсула? Не голема, туку многу мала.

Нашите конвенционални хард дискови можат да складираат до еден терабајт податоци. Како би изреагирале кога би дознале дека таа временска капсула може да зачува милјарда терабајти?

Научниците создадоа ваков хард диск од ДНК - тие знаеја дека ДНК-та е совршена за складирање на информации. Теоретски, еден грам ДНК може да складира околу 455 ексабајт (еден ексабајт е еднаков на една милијарда гигабајт). Овој простор е доволен за складирање за цела Википедија или Фејсбук.

Складирањето на податоци во ДНК е прилично едносставно - треба да ги програмирате А и C базните парови на ДНК вкако бинарен „0“, и T и G како „1“. Прашањето е, колку долго податоците ќе се чуваат?

Во 2013 година, научниците успеале да секвенцираат генетски год од коска на коњ стара 700.000 години. Проблемот е чувањето на кодот. Условите за складирање мора да бидат добро дефинирани. Инаку, доколку се изложи на животна средина, може да се промени и да настани дефект. Неодамна се зборуваше за уште еден вид на метод за зачувување на податоци - меморијата на IBM да го „убие“ хард дискот кој самата го создаде.

Со цел да го направат тоа, научниците ги кодираа „Switzerland’s Federal Charter of 1921“ и „The Methods of Mechanical Theorems“ во еден ДНК влакно со што се ставени околу 83 килобајти податоци. Овие влакна на ДНК подоцна биле ставени во мали стаклени сфери, со дијаметар од 10 нанометри.

Дури и после овој забрзан процес на деградација, беше откриено дека ДНК во внатрешноста на стаклените сфери може да се обнови преку користење на едноставно флуоридно решение, а податоците се`уште можат да се прчитаат.

Се предвидува дека податоците на ДНК може да бидат зачувани повеќе од 1 милион години, под услов да се чуваат под -18 степени Целзиусови. Може да бидат складирани повеќе од илјада години, доколку се чуваат под 10 степени на специфични услови.

Голем неуспех на овој ДНК хард диск е неговата цена - еден диск може да биде околу 1.500 долари. Истражувачите и научниците веќе складираат податоци во овие ДНК хард дискови.