Мистериозното растение кое се наоѓа во сите аквариуми во светот

Мистериозното растение кое се наоѓа во сите аквариуми во светот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Во чудниот свет на флората низ целиот свет се наоѓаат растенија кои не се во доменот на нашата моќ на гледање. Тоа се растенија кои најчесто пливаат на површината на водата.


Utricularia gibba e растение кое се среќава во сите води на планетава освен на Антартикот и има мала количина на ДНК во себе, но голем број на активни гени. Utricularia gibba е пронајдена како лебди на површината на водата во аквариумите ширум светот, но новите истражувања на ова растение покажуваат дека всушност ова мало растение имаат многу помал геном од другите досега проучени растенија кои имаат навистина поголем геном во рамките на своите клетки.

Ова растение познато и како грбава водна меурка претставува, всушност, водно месојадно растение. Со новите истражувања со кои се продира длабоко во внатрешноста на ова растение се добиле изненадувачки резултати. Геномот на ова растение бил споредуван со други геноми на растенија (грејфрут, папаја и кафе) и било заклучено дека водната меурка има помала ДНК, и дека навистина содржи повеќе гени од споредуваните растенија.

Докажано е дека ова растение има шест пати помала ДНК од останатите познати растенија, но и околу 2.500 активни гени повеќе од другите растенија. Се поставува прашањето: Како е тоа возможно но и изводливо?

Одговорот е во „junk DNA“ или непотребна или нефункционална ДНК. Тоа е ДНК која не содржи гени кои кодираат синтеза на протеини и која сите организми ја содржат во себе. На пример, човечката ДНК содржи 98% нефункционална (некодирачка) ДНК, но кај водната меурка овој процент е многу помал и изнесува само 3%.

Најновите истражувања сугерираат на теоријата дека ова растение има долга историја на промени во ДНК и дека со одредени процеси таа ја исфрлува непотребното количество ДНК многу побрзо. Мислењето на научниците е дека растението го дуплира геномот најмалку трипати, меѓутоа тоа е балансирано со многу брзото отфрлање на ДНК. Научниците се’ уште не се сигурни за начинот на кој ова растение го изведува тоа.

На крајот се доаѓа до заклучок дека сето ова е уште еден доказ за еволуцијата со цел да се опстане, но и дека можеби и други растенија се обидуваат да ја променат својата ДНК со цел да станат поуспешни. Научниците ширум светот продолжуваат да истражуваат зошто се случува тоа, но засега ова откритие за чудниот геном на растението претставува фасцинантен концепт.