Повик за волонтери во Центар за неформално образование Триаголник

Повик за волонтери во Центар за неформално образование Триаголник

Центар за неформално образование Триаголник објавува оглас за регрутација на волонтери.


Можат да аплицираат сите студенти кои имаат слободно време и кое сакаат продуктивно да го исполнат, преку зајакнување на нивните професионални капацитети. Избраните кандидати ќе имаат кратка обука пред почетокот на волонтирањето.


Кандидатите треба да поседуваат:

    основни комуникациски вештини
    способност за тимска работа
    мотивација за стекнување на нови знаења
    почитување на зададени рокови
    солидно познавање за работа со компјутер
    солидно познавање на англиски јазик

Кандидатите потребно е да бидат достапни во периодот од 8 до 16 часот, да не се постари од 25 години и да не се во постојан работен однос.

Сите заинтересирани, можат да аплицираат со испраќање на CV и мотивационо писмо на marija.samardjioska@triagolnik.org.mk  (опционо kosta.eftimov@triagolnik.org.mk ) најдоцна до 10ти март.

Мотивационото писмо треба да содржи појаснување за:

    Мотивацијата на кандидатот за волонтирање во Триаголник
    Придобивките кои кандидатот би ги имал од волонтирањето

Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесниот круг на изборот.