Гледајте ја третата сезона на Куќа од карти на Pickbox, ден по Америка

Гледајте ја третата сезона на Куќа од карти на Pickbox, ден по Америка

Гледајте ја третата сезона на Куќа од карти на Pickbox, ден по Америка Серијата за која Кевин Спејси конечно доби „Златен глобус“, „Куќа од карти“ (House of Cards), домашните гледачи ќе можат да ја гледаат во целост на Pickbox, веќе од утре, 28 февруари.



Најновата, трета сезона на овој напнат политички трилер е достапна во целост, а ако случајно сте пропуштиле да ја гледате серијата за која сите раскажуваат, крајно време е да почнете. На Pickbox се достапни и комплетните прва и втора сезона, па сѐ надоместете во неколкудневен маратон. Дејството на „Куќа од карти“ се врти околу расипаниот политичар Френк Андервуд и неговата исто толку злобна жена Клер, а во третата сезона Френк стана претседател на САД.


Го мразите гадот во Белата куќа? Во ред е. Сите го мразат.

Пред на врата да ни чукнат ЦИА, ФБИ и другите тајни служби, разговараме за претседателот Френк Андервуд од опасно напнатиот политички серијал „Куќа од карти“. Замислете политичар што го минува животот градејќи ја кариерата во партија, личност што ги крие валканите тајни на своите колеги, ги знае нивните лоши навики. Сѐ што никогаш не треба да излезе во медиумите. Замислете дека тој човек има менталитет на платен убиец, некаде помеѓу суперзол гениј и терминатор Т-1000, само со подобро познавање на реторика. Тоа е Френк. Кога луѓето од партијата го предаваат за „доброто на партијата и народот“, Френк е навреден и ја посакува ветената политичка моќ. Ќе лаже, ќе се умилкува, ќе прави сплетки и ујдурми, но ако треба и ќе ги извалка рацете. За улогата на овој злосторник Кевин Спејси доби „Златен глобус“ по осум обиди. При примањето на наградата изјави: „Ова е само почетокот на мојата одмазда“.

Од Френк е бетер само неговата жена

Ах, Клер! Висока, слаба русокоса во најдобрите години (одлично ја игра Робин Рајт), сака да ја спаси планетата, води разни хуманитарни организации и организира добротворни вечери, но не се срами да ги искористи своите соработници, да ја префрли вината врз нив, па дури и медиумски да ги оцрни и уништи своите љубовници ако тоа им користи на плановите на Андервудови. Ладна како лед, опасна како змија и подготвена на сѐ, Клер треба да се плаши повеќе од Френк. По две изгледани сезони, немаме видено некогаш искрено да се насмее.

Опасни намери

За да не ги расипуваме непријатните изненадувања и злобните сплетки кои се провлекуваат во „Куќа од карти“, само ќе кажеме дека Френк на почетокот на третата сезона е претседател на САД, што само значи дека располага со голема моќ и со многу агенти и врски со кои ќе може да направи сè што сака. Има да биде по негово или... вас нема да ве има.

Каде можете да ја гледате серијата за која сите зборуваат?
Френк и Клер можете да ги мразите само на Pickbox. Само бидете внимателни што зборувате пред малите екрани... бидејќи со Френк никогаш не се знае.