Награден конкурс за дизајн идеи од млади креативци

Награден конкурс за дизајн идеи од млади креативци

Националниот младински совет е платформа која ги претставува интересите и потребите на младите луѓе како линк со сите засегнати страни и која обезбедува вклучување и активно учество на младите во процесот на донесување одлуки на секое ниво. Основната улога на НМСМ е претставување на потребите и интересите на младите и младинските организации, развој на капацитетите на младинскиот сектор, промоција на младинското учество и активно граѓанство, како и застапување и делување во името на младите.


Во рамките на проектот „Инспирирај младинско учество“, поддржан од Британската амбасада во Скопје, Национален младински совет на Македонија (НМСМ) распишува награден конкурс за дизајн идеи од млади креативци.

НМСМ ги поканува сите млади да земат учество во наградниот конкурс за креативни идеи кои ќе се користат во текот на промотивната кампања на НМСМ. Најдобрите идеи ќе се најдат на промотивните материјали и ќе бидат наградена.

Преку промотивната кампања „Кој си носи чадорче…“ НМСМ, сака да ја доближи својата идеја, своите активности и својата работа поблиску до младите.

Слоганот „Кој си носи чадорче…“ ја симболизира улогата на НМСМ која ги претставува потребите и интересите на младите. Од Вас се очекува визуелно да ја претставите таа улогата на НМСМ како чадор организација и придобивките за младите кои мислите дека треба да произлегуваат од работата на НМСМ.

Не е потребно да бидете искусни дизајнери, доволно е само да бидете креативни. Ве охрабруваме да ни ги исратите Вашите идеи во форма на цртеж и/или слика во некоја од следните форми: .psd .jpg .gif .png.

Млади креативци, ослободете ја Вашата креативност и сите Ваши идеи испратете ни ги на следната меил адреса: kontakt.nms@gmail.com најдоцна до недела, 8 март 2015 година.