Оглас за вработување во Цементарница УСЈЕ АД Скопје

Оглас за вработување во Цементарница УСЈЕ АД Скопје

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на Софтверски инженер

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за развивање на софтверски пакети и одржување на хардверска опрема во компанијата: развивање на мали апликации, развивање и одржување на WEB страната, одржување на сервери Windows платформа, одржување на LAN инфраструктура, како и дијагностика на проблеми на работни станици. Основната плата во бруто износ за работното место е од 58.970,00 денари.

Квалификации на кандидатите:
- Да има завршено ВСС/VII степен (240 кредити) на Факултет за електротехника и информациски технологии, насока Компјутерски технологии и инженерство или Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
- Потребно работно искуство во програмирање 2 – 3 години
- Одлично познавање на Microsoft Visual Studio.Net, Microsoft SWL, WEB Page програмирање
- Познавање на Microsoft Server 2012 (и постари), Microsoft Exchange Server 2013 (и постари), Oracle Database
- SAP и Cisco certifications ќе се смета за предност
- Одлично познавање на англискиот јазик

Конкурентски предности:
Желба за работа во средина со високи барања
Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности
Динамичност, ефективност и ефикасност
Флексибилност и адаптибилност
Посветеност, мотивираност, иницијативност
Тимска работа и кооперативност
Решавање на проблеми

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо
2. Биографија на англиски јазик (CV)
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, http://usje.com.mk каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.