Студентите во Шпанија ќе ја бојкотираат наставата на универзитетите

Студентите во Шпанија ќе ја бојкотираат наставата на универзитетите

Подготвил: Драгана Петрушевска


Студентите вчера се собраа на улиците во повеќе од 40 градови во Шпанија на протест против одлуката на Министерството за образование донесена во јануари во која се менува системот за додипломски и последипломски студии од 4+1 на 3+2 години. На протестите во Мадрид учествувале многу студенти.

На протестот во Мадрид во одреден момент се појавил метеж, но демонстрантите на крајот заминале мирно. Нов бојкот на наставата на универзитетите е планиран за 15 и 16 март.

Претставниците на шпанската студентска унија тврдат дека јавните универзитети во земјата се финансираат самите, но властите не сакаат нивен опстанок и на тој начин го загрозуваат јавниот систем на образование.

Студентите претходно организирале собирање потписи за петиција за повлекување на реформите во високото образование и собрале повеќе од 120.000.