Уметникот Банкси ви ја прикажува Газа во сосема поинакво светло

Уметникот Банкси ви ја прикажува Газа во сосема поинакво светло

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Најновото дело на анонимниот уметник на графити Банкси, не се наоѓа позади канта за ѓубре; не е нацртано на еден облакодер туку е на YouTube.

 

banksi


Уметникот, чијашто потресна и истакната улична уметност ги плени луѓето низ светот и фрустрираните критичари, објави сатирично видео на неговиот канал на YouTube, прикажувајќи го „рајот на патникот“: урнатините на Газа.


Видеото наречено „Make This the Year YOU Discover a New Destination“, ја прикажува Газа на ист контроверзен начин на којшто неговите дела на улица ги претвори во икони.

Шест месеци после операцијата во Газа, градот се`уште изгледа како воена зона.

Интернационалните организации проценуваат дека цената за повторна изградба на уништените домови и уништената инфраструктура е 6 милијарди долари.

„Оваа мачка му кажува на светот дека неа и` недостасува радост во животот“, вели еден човек на снимката.

 

2


Видеото завршува со најинтензивното политичко дело на Банкси во Газа. Напишано со црвена боја на урнатините, стои: „Ако не ги измиеме нашите раце од конфликтот меѓу моќните и немоќните, ние застануваме на страната на моќните - не остануваме неутрални“.

 

3


Видеото претставува брилијантна комбинација на уметност и политика во место „лишено“ од убавината. Делата на Банкси уште од одамна ги истакнуваат социјалните проблеми, меѓутоа ова негово дело во Газа се фокусира на интернационалните проблеми кои често се премногу „жешки“ за уметниците.