Оглас за платена пракса во АрцелорМиттал

Оглас за платена пракса во АрцелорМиттал



АрцелорМиттал Скопје е водечки светски производител на челик. Поседува објекти за изработка на челик во повеќе од 20 земји, што го прави лидер на сите главни пазари за челик.

АрцелорМиттал ЦРМ Скопје е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар.

Интегрирана во структурата на АрцелорМиттал ФЦЕ (Flat Carbon Europe), фабриката работи на континуирано подобрување со цел да се подобри безбедноста и квалитетот и во исто време да се намалат трошоците за производство.

Во насока на професионално усовршување на младите, АрцелорМиттал Скопје има потреба од практикант Преведувач во период од 3 месеци во Секторот за Човечки ресурси и правни работи.

Кандидатите треба да се студенти на додипломски или постдипломски студии на Филолошки факултет (Англиски Јазик), предност ќе имаат студенти на постдипломски студии - Човечки ресурси со завршен Филолошки факултет, како и одлично познавање на компјутерски вештини (Word, Excel, Power Point), комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех, може да го испратат своето CV на HR.Skopje@arcelormittal.com , со назнака за која позиција аплицирате.

За време на практикантската работа, студентите ќе се запознаат со работата на АрцелорМиттал ЦРМ Скопје.

Краен рок за аплицирање 09 Март 2015.