Оглас за вработување во ПЗУ- Универзитетски стоматолошки клинички центар

Оглас за вработување во ПЗУ- Универзитетски стоматолошки клинички центар "ПРОФ. Д-Р БОЈО АНДРЕСКИ" Скопје

ПЗУ- Универзитетски стоматолошки клинички центар „ПРОФ. Д-Р БОЈО АНДРЕСКИ" Скопје распишува оглас за работно место:

1. РАДИОЛОШКИ ТЕХНОЛОГ- 1 /еден/ извршител;

Кандидатите за работното место РАДИОЛОШКИ ТЕХНОЛОГ треба, покрај општите услови за вработување предвидени во Законот за работни односи, треба да ги исполнуваат следните услови:

- Да имаат завршено најмалку (ВСС);
- Да имаат уверение за положен стручен испит;
- Да имаат работно искуство најмалку 1 години

Кандидатите за работното место треба да достават:
- Пријава по Огласот (молба за вработување)
- Кратка биографија (CV) во која ќе биде децидно наведено работното место каде кандидатот го стекнап работното искуство;
- Фотокопија од уверение за дипломиран радиолошки технолог;
- Фотокопија од уверение за положен стручен испит.

Пријавите со целокупната документација да се достават лично во правната служба на адреса ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бб; (во просториите на ПЗУУниверзитетски стоматолошки клинички центар „ПРОФ. Д-Р БОЈО АНДРЕСКИ" Скопје);

Висината на основните месечни примања за работното место радиолошки технолог, изнесува 18. 000 ден. Неделно работно време- 40 часа; Дневно работно време- 8 часа (во смени, според распоред утврден од работодавач);

Ненавремено доставените пријави како и пријавите со непотполна документација нема да се разгледуваат. Огласот трае 7 (седум) дена почнувајќи од 28. 02. 2015 година заклучно со 06. 03. 2015 година. Контакт тел. 02/ 3 20 20 22.