Оглас за вработување во Тинекс-МТ

Оглас за вработување во Тинекс-МТ

ТИНЕКС МТ има потреба од:

Млади, енергични, претставителни лица со можност за напредок во кариерата за следните работни места во Скопје:. ТРГОВСКИ РАБОТНИК ПРОДАВАЧ (40лица) за работа во продажните објекти на ТИНЕКС МТ

Потребни квалификации: познавање на работа со компјутер, одлични способности за комуникација и продажба, подготвени за тимска работа. Основна плата10.600, 00 МКД плус месечни бонуси поврзани со остварени резултати.

2. ПРОДАВАЧ-МЕСАР (10 лица) за работа на пулт за свежо месо во продажните објекти на ТИНЕКС-МТ

Потребни квалификации: познавање на работа со компјутер, одлични способности за комуникација и продажба, подготвени затимска работа. Основна плата13.500, 00 МКД плус месечни бонуси поврзани со остварени резултати. Лицата треба да бидат со: минимум средно образование, познавање на работа со компјутер, со одлични способности за комуникација и продажба, подготвени за тимска работа.

Работниот однос за сите работни места се заснова на определено време З(три) месеци со можностза продолжување на Договорот за работа. Работно време за сите работни места -40 часа неделно распоредено во 6 работни дена,

Работата е организирана во 2 смени: 1ва сменаод08. 00до 15. 00 часот 2ра смена од 15. 00 до 22. 00 часот За секое работно место, обезбедена е соодветна обука.

Молбата за прием, со кратка биографија, диггпома за завршено образование и една фотографија, како и контаќттелефон, испратете ја на следната ацреса: Бул. Трета македонска бригада бр. 56 Скопје или на email: tinex@tinex.com. mk Молбите кои не се потполни нема да се разгледуваат. Рокза пријавувањедо 07. 03. 2015