Прв Средношколски Пленум во Битола

Прв Средношколски Пленум во Битола

Подготвил: Драгана Петрушевска


Средношколскиот пленум од Битола ќе ја одржи својата прва средба оваа седмица. На 4 март (среда) со почеток од 19:30 часот во Економското училиште во Битола ќе биде одржан првиот средношколски пленум на кој ќе присуствуваат битолските средношколци.

На пленумот ќе се дискутира за проблемите во средното образование. Вреди да се напомене дека на почетокот на неделата, некои средни училишта беа бојкотирани од страна на средношколците во форма на протест за воведувањето на предметот Математика како задолжителен предмет за полагање на државната матура.

„Ако не НИЕ, кој?!?!
Ако не СЕГА, кога?!?!
ОБРАЗОВАНИЕТО Е ЈАВНО ДОБРО,
ДОЈДИ И ПРИКЛУЧИ СЕ!!!“

Вака средношколците од Битола ги поканија своите соученици да им се придружат на средношколскиот пленум во среда.

Средношколците беа одбиени за користење на просторија во Економското училиште, па решија да го одржат пленумот на отворено пред самото училиште. 


Настанот на „Фејсбук“.