Т-Мобиле има потреба од...

Т-Мобиле има потреба од...

Водечкиот национален давател на електронски комуникации, Македонски Телеком АД – Скопје објавува два огласи за вработување.

1. Специјалист за дигитална комуникација. (линк до огласот)
2. Специјалист за маркетинг за деловни корисници


2. Сектор за маркетинг комуникација и управување со бренд/Област на Главниот оперативен директор за приватни корисници 

Работно место: Специјалист за маркетинг за деловни корисници 

Потребни услови за работното место 

Високо образование - Економски факултет- Маркетинг или останати факултети
3- 5 година соодветно работно искуство
Активно познавање на англиски јазик
Одлично познавање на MS Office, Power point;
Напредни способности за пишување и комуникација;
Напредни способности за координација и организација на проекти;
Напредни способности за комуникација со надворешни агенции и деловни партнери;

Кандидатот кој што ќе работи на ова работно место ќе биде одговорен за следниве работни задачи.

Да придонесе во дефинирањето на стратегијата за комуникација за Деловниот сегмент, со што ќе се осигура дека барањата на деловниот сегмент се земени во предвид;
Да имплементира и хармонизира стратегија за комуникација за деловниот сегмент, за сите: мобилни, фиксни и врзани производи и понуди на начин што ги таргетира деловните корисници од тој сегмент;
Да придонесе во дефинирањето на годишниот детален план за комуникација на Деловниот сегмент со предложување на креативни и атрактивни комуникациски решенија;
Да извршува годишен детален план за комуникација за Деловниот сегмент на начин што најдобро ги таргетира деловните корисници;
Да извршува оперативна координација со секторите за производи, продажба и корпоративна комуникација во поглед на соодветна имплементација на планираните активности за комуникација за Деловниот сегмент;
Да дава инструкции на агенцијата за маркетинг и да го следи процесот за развој на кампањата со цел да се осигура дека агенцијата ги разбира и соодветно ги имплементира влезните податоци во кампањите за таргетираната услуга или производ;
Да го надгледува и проценува извршувањето на кампањата за цели на одлично извршување на кампањата и постигнување на нејзината цел;
Да планира, надгледува и проценува буџети на кампањата, со што ќе осигура максимално искористување на буџетот;
Да креира и имплементира иновативен комуникациски пристап со цел да им се обраќа и да ги привлече корисниците;
Да подготвува и хармонизира комуникациски активности наменети за поддршка на продажба како основа за продажба и за вработените во продажни места со цел да се подржат продажните активности;
Активно да учествува во предложувањето/развивањето на нови кампањи и активности за комуникација што се засноваат на локалните увидувања, потребите на пазарот и активностите на конкуренцијата, со цел да бидат конкурентни и атрактивни на пазарот;
Да координира заеднички кампањи со партнерите во поглед на планирање на буџетот и дистрибуција, како и да учествува во кампањата со цел да осигура одлична комуникација за нашиот бренд и портфолио;
Да извршува други деловни задачи од делокругот на активности на организациската единица, по барање на претпоставениот.
Да извршува други деловни задачи од делокругот на организационата единица по барање на претпоставениот

Од пријавените кандидати се очекува да ги поседуваат следниве способности и вештини

Креативен и иновативен поединец, кој бара нови одговорности и користи иницијатива; добри интерперсонални способности – добро работи со другите, мотивира и охрабрува; самосвесност – секогаш се стреми да научи нешто ново и да се развива; добар почетник – ентузијаст во изнаоѓањето на нови можности; добро организиран, добро управува со времето во поглед на исполнување на целите, одличен тимски играч – приспособлив, флексибилен и одлучен;

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата или истата да ја испратите на следнава адреса : Т-Мобиле Македонија АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 или директно во Централната архива со назнака Молба за надворешен оглас – за работно место Специјалист за маркетинг за деловни корисници

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно, 40 часа неделно во прва смена.

Основна нето плата е во висина од 25.734,00 денари и додатоци на плата.

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Т-Мобиле Македонија АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.