Внимание! Спојлери!

Внимание! Спојлери! "Game of thrones" теории доволно луди за да бидат вистинити

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Досега, повеќето фанови на „Game of thrones“ слушнале за R+L=J, теорија за тоа кои се вистинските родители на Џон Сноу.

 

теории


Исто така, голем број фанови нудат други теории, како на пример дека Тирион не е Ланистер. Овие теории некои ги прифаќаат, а некои не. Она што е доста интересно е фактот дека иако се луди, повеќето  од нив имаат смисла.

Ви нудиме неколку теории кои се доволно луди за да бидат вистинити.

 

Внимание! Спојлери!



1. Роб Старк е жив

 

1


Во што веруваме ние: Кралот на Северот беше предаден од Фреј и Болтон на „Црвената свадба“ што доведе до неговата смрт, смрт на неговата сопруга, смрт на неговата мајка, и секако, масовна хистерија низ интернетот.

Теоријата: Роб Старк се подготвува да испрати поздрав до семејството Ланистер. Познато е дека семејството Старк има чудна способност да се претвори во животни. Според теоријата, се смета дека Роб се претворил во неговиот волк, а подоцна во некој друг вид на животно, кога волкот бил убиен. Всушност постои и доказ дека ова е возможно - после смртта на Орел тој се претвора во орел.

2. Вистинскиот идентитет на родителите на Џон Сноу не е R+L=J

 

2


Во што веруваме ние: Според теоријата R+L=J Регар Таргариан и Лина Старк се вистинските родители на Џон Сноу. Се верува дека желбата на Лина пред нејзината смрт е Едард да го посвои Џон Сноу како негови син и да го заштити. Плус, Едард е толку чесен што нема шанси да ја изневерил Кејтлин.

Теоријата: Да, тој ја изневерил Кејтлин. Џорџ Р.Р.Мартин изјавил дека не мисли дека постојат ликови од приказната кои се целосно добри или целосно лоши. Освен Едард Старк, нели? Но, ако Едард е неговиот татко, тогаш вистинската мајка на Џон Сноу е Лејди Ашара Дејн или сестрата Вајла.

3. Џон Сноу ќе стане Бел Шетач

 

4


Во што веруваме ние: Џон Сноу е главниот на Ѕидот. Новите клипови прикажуваат како се обидува да го придобие Менс Рајдер на неговата страна за заедно да се борат против Белите Шетачи.

Теоријата: Книгата е наречена „Песна за мразот и оганот“. Ако Денерис и нејзините змејови се оганот, тогаш кој е мразот?

4. Џејми и Серсеј се од семејството Таргариан

 

4


Во што веруваме ние:
Џејми и Серсеј се близнаци кои се впуштиле во инцестуозна врска со години, а нивниот татко воопшто не го знаел ова ниту пак некогаш го признал.

Теоријата: Во книгите, се вели дека Лудиот Крал бил со жената на Тајвин Ланистер, Џоана, на неговата брачна ноќ. Исто така, постојат делови од книгата кои даваат некакви знаци за идејата дека Серсеј и Џејми може да не се деца на Тајвин. Исто така, фактот што инцестот е чест кај Таргарианови, доведува до заклучокот дека можеби тие не се Ланистер.

5. Сирио Форел е Жакен Х'гар

 

5


Во што веруваме ние:
Сирио Форел, поранешниот Прв Меч на Браво, станува инструктор по „танцување“ на Арја. Тој умира бранејќи ја од чуварите на Ланистерови.

Теоријата: Сирио Форел е всушност еден од „Луѓето без лица“ од Браво - односно убиец кој може да го менува ликот. Ако ова е така, тогаш тој веројатно е и Жакен, кој уби тројца луѓе за Арја.

6. Едард Старк е жив

 

6


Во што веруваме ние: Едард Старк е обвинет за предавство и осуден на смрт.

Теоријата: Што ако Едард не умре тој ден? Ако Форел беше човекот без лице, тогаш тој би можел да го промени ликот и да го заземе местото на Едард.

Неколку фанови на серијата велат дека постојат докази во книгата дека Едард е жив како на пример тоа што Санса не го препозна неговото лице после неговата смрт и коментарите на Кејтлин за неговите коски.

7. „Ходор“ има скриено значење што може да промени се`

 

7


Во што веруваме ние: Ходор им е верен на Старкови. Тој е еден крупен човек кој насекаде го носи Брен и вели „Ходор“.

Теоријата: Вистинското име на Ходор е всушност Валдер. Во книгата, објаснато е дека „Ходор“ е она што тој го вели. Мартин не кажува како Ходор започнал да вели „Ходор“. Фановите тврдат дека ликот има поврзаност со темнината и зимата, и е поврзан со противникот на Црвениот Бог на Мелисандра. Други тврдат дека зборот има поврзаност со контролата на змејовите.