Времето денес и прогноза за наредните неколку денови

Времето денес и прогноза за наредните неколку денови



Во Македонија во раните утрински и во претпладневните часови ќе биде умерено облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд. Попладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди.

Во централните и во југоисточните предели во текот на целиот ден ќе биде умерено облачно со сончеви периоди.

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат во интервал од 0 до 8 степени, а дневните температури ќе достигнат до 7 односно до 17 степени.

Во Скопје во утринските часови и претпладне со услови за слаб локален дожд. Во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 6 степени, а максималната дневна до 13 степени.

Во среда ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло. Во доцните попладневни часови зголемување на облачноста која во вечерните часови и во текот на ноќта среда кон четврток ќе услови за локални врнежи од дожд. Минимални температури од -4 до 4 степени, а максималните од 6 до 16 степени.

Во четврток ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. На планините со врнежи од снег. Утринските температури од 0 до 8 степени, а дневните температури од 3 до 13 степени.

Во петок облачно со врнежи од дожд. Над 700 метри надморска висина со врнежи од снег. Во текот на ноќта врнежите од снег ќе се спуштат и во пониските предели. Минималните температури од -3 до 5 степени, а дневните ќе достигнат до 1 односно до 11 степени.

Во сабота ќе биде претежно облачно со услови за слаби врнежи од дожд и снег. Утринските температури од -5 до 3 степени, а дневните температури од -1 до 9 степени.

Weather4all.com.mk