Програма за млади лидери 2015 во Белгија

Програма за млади лидери 2015 во Белгија


Дали се борите против сиромаштијата, сте биле дел од иновативни проекти за решавање глобални предизвици во вашата околина и сакате да ја споделите својата визија за иднината со глобални лидери?

Доколку одговоривте позитивно на прашањата, би требало да се пријавите за програмата за идни лидери и да добиете покана за учество на Европските денови на развој, кадешто ќе добиете шанса да зборувате за проблемите покрај светските лидери. За да се пријавите треба да бидете на возраст помеѓу 21 и 26 години.

12 млади лица од целиот свет ќе добијат шанса да зборуваат на конференцијата во Брисел на 3 и 4 јуни, за кое учество ќе им бидат покриени сите трошоци.

Рок за пријавување: 18 март.

Официјален повик.