Оглас за вработување во ЕУРМ

Оглас за вработување во ЕУРМ

Врз основа на член 131 и 142 од Законот за високо образование (Службен весник на РМ 6р. 35/2008 со измените), Статутот на ЕУРМ и член 33 Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни, наставностручни и соработнички звања и асистентидокторанти на ЕУРМ, Ректорот на Европски универзитет- Република Македонија, распишува:

КОНКУРС за избор на наставник

I. ФАКУЛТЕТ ЗА СТОМАТОЛОГИЈА Наставник во сите насловни звања:

1. Избор на наставник во сите насловни звања по предметот Дерматовенерологија- 1 /еден/ извршител.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР: Кандидатите покрај општите услови, треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени со Законот за високото образование, Статутот на ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ- РМ во Скопје и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни, наставностручни и соработнички звања и асистентидокторанти на ЕУРМ.

Кандидатите за избор на наставник во сите насловни звања треба да ги исполнуваат следните услови:- да ги исполнуваат критериумите за избор наставници согласно ЗВО;- да имаат научен степен доктор на науки во научната област во која конкурираат;- да имаат објавено научни трудови и публикации согласно ЗВО;- да имаат способност за изведување на високообразовна дејност;

НАПОМЕНА: Лицето избрано во насловно звање не заснова работен однос. Видот и обемот на учеството во вршењето на вискообразовната дејност на лицата избрани во насловни звања го утврдува наставнонаучниот совет. За неговиот ангажман се склучува посебен договор со Универзитетот.

Потребни документи за кандидатите за избор во насловно звање:
- пријава по конкурс;
- кратка биографија (CV);
- диплома за завршено соодветно образование;
- список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите);
- потврда дека се служи со еден од светските јазици;
- уверение за државјанство.

Конкурсот трае 5 (пет) дена сметано од 05. 03. 2015 заклучно со 10. 03. 2015 година. Изборот на кандидатите се врши според роковите предвидени со Законот за високо образование. Пријавите и документацијата по конкурсот кандидатите да ги достават во архивата на Европскиот Универзитет- Република Македонија, на адреса бул. Св. Кпимент Охридски бр. 68 Скопје. Ненавремени и непотполни пријави нема да се разгледуваат.