Оглас за вработување во Јавното претпријатие Улици и патишта Скопје

Оглас за вработување во Јавното претпријатие Улици и патишта Скопје

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (Сл. весник на РМ бр. 34/2014, пречистен текст и 113/2014) Правилникот за систематизација на работни места во претпријатието и член 31 од Статутот на Јавното претпријатие Улици и патишта Скопје. директорот донесе

ЈАВЕН ОГЛАС


Јавното претпријатие Улици и патишта Скопје, има потреба од засновање на работен однос на неопределено време со еден работник и тоа:

А. 1(еден) работник -Геометар со завршено вишо образование, Градежен факултет геодезија или средно градежно училиштегеодет со 2(две) години работно искуство и познавање на работа со компјутер.
-Работниот однос се заснова со полно работно време. со неделно редовно работно време од 40 часа(5 работни дена во неделата).
-Дневното работно време трае 8 часа и започнува од 07:00 a завршува во 15:00 часот,
-Основна плата за работното место е 19. 606,00 денари.

Сите кандидати треба да ги достават следните документи
- Молба со кратка биографија (CV)
- Копија од лична карта
- Доказ за завршено образование
-Доказ за работно искуство

Заинтересираните кандидати, молбата заедно со доказите за исполнување на условите по овој оглас можат да ги достават во рок од 5(пет) работни дена од денот на објавувањето на огласот, непосредно до архивата на Јавно претпријатие Улици и патиштаСкопје, ул. Коле Неделковски бр. 38, 1000 Скопје или no пошта, тел. за контакт 02/ 3162 317, лице за контакт Марина Давчевска. Јавното претпријатие Улици и патиштаСкопје, изборот ќе го изврши во рок до 45(четириесетипет) работни дена по истекот на рокот за пријавување, a доколку има повеќе од 200 пријавени изборот ќе се изврши согласно законски утврдените рокови. Некомплетни и неблаговремено поднесени молби нема да се разгледуваат. ЈП Улици и патиштаСкопје