Оглас за вработување во Скопски Легури

Оглас за вработување во Скопски Легури

„Скопски Легури“ ДООЕЛ Скопје има потреба од вработување на

ОДГОВОРЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ 

Потребни квалификации:

• Диплома за завршено високо образование (Економски факултет-оддел сметководство и ревизија)
•Задолжително претходно работно искуство на наведената позиција во областа на финансиско и материјално сметководство во производствена компанија (најмалку 3 години)
•Одлично познавање и активно работење со апликациитe од MS Office пакетот и сметководствени апликации
• Искуство во подготовка и анализа на финансиски извештаи, книжења, евиденција на финансиски средства, подготовка на пресметки за даноци како и подготовка на завршна годишна сметка
•Искуство во евиденција на наплата
•Поседување Сертификат за овластен сметководител, како и искуство во организирање и усогласување на пописи би се сметале за предност
• Познавање на меѓународните стандарди за финансиско известување (IFRS)
• Одлично познавање и aктивно користење на деловен англиски јазик (пишан и говорен)
• Активно следење и познавање на актуелни промени, случувања и законски регулативи во областа на финансиите и сметководството
•Високо развиени аналитички и комуникациски способности

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават (по пошта или e-mail) своја биографија (CV) со скорешна фотографија и мотивационо писмо најдоцна до 16.03.2015 год. на:

„Скопски Легури“ ДООЕЛ
ул. 16 Македонска Бригада, бр.18, 1000 Скопје, со назнака за - Оддел за управување со човечки ресурси
e-mail: g.mitevski@skopskileguri.com