Денеска на 56-годишна возраст во Виена почина еден од најголемите великани на југословенската и српската рок музика, Влада Дивљан. Влада од 1980 до 1984 година беше предводник на вокално-инструменталниот состав „Идоли“. Од 1985 година ја продолжи самостојно да се занимава со поп-рок и со филмска музика.