Оглас за вработување во ИМ.МК
IM.MK е дигитална маркетинг агенција со фокус на развој на креативни веб апликации и апликации за друштвени мрежи. Компанијата има статус на едниствен Facebook Маркетинг партнер на балканот.
IM.MK е во потрага по нови iOS програмери кои имаат голем интерес да развиваат нови искуства за голем број на корисници.
Нашиот тим има специфични барања од новиот член и се надеваме дека токму ти ќе бидеш тој/таа што ќе ни се придружи.
Дали имаш:
Портфолио од досегашни проекти;
Линк од една или повеќе сопствени iOS апликации веќе објавени на App Store;
Голем интерес за имплементација на најновите iOS технологии;
Искуство со трети API платформи (Facebook, Твитер, Instagram ...);
Амбициозост да водиш сопствени проекти и отвореност кон нови предизвици;
Одлично познавање на англиски јазик.
Тогаш, пријави се веднаш овде:
http://im-mk.workable.com/jobs/43795,
а ние ќе обезбедиме потребна Apple опрема и флексибилна работна атмосфера.