Оглас за вработување во КАМ ДОО

Оглас за вработување во КАМ ДОО

Кам Доо е водечко претпријатие за продажба со околу 60 маркети во Р.Македонија. Благодарение на нашата едноставна и моќна концепција, веќе 15 години имаме солиден и континуиран пораст на прометот и приходот.


Дали сакате да се вклучите во програмата за обука и да бидете дел од нашите менаџерски тимови?

Задачи кои ќе Ви се допаднат и се од следниот делокруг на работење:

• набавка
• продажба
• маркетинг
• ревизија и контрола
• човечки ресурси
• сметководство

• логистика

Услови кои треба да ги исполнувате:

• Завршено високо образование од економска или сродна струка.
• Имате изразени преговарачки и аналитички вештини
• Истакнати комуникациски способности и сигурен настап
• Високо развиени организациски вештини
• Волја за успеси и постигнување на цели со мотивиран тим
• Одлично познавање на анлиски и германски јазик


Предности кои ги нудиме ние:

• Обемно воведување во работата со обука која ветува напредок и успех во работата. Во период од две години интезивно ќе бидете обучувани и ќе се запознаете со инструменти коишто подоцна ќе Ви бидат потребни при извршувањето на Вашата деловна задача.
• Вонредно брз старт кон кариера. Вашиот развој ќе биде следен од ментори, а Вашиот успех ние со задоволство ќе го наградиме.

• Минимална загарантирана нето плата од 20.000 денари со платени придонеси за првите две години. Дополнително се исплаќа личен бонус кој зависи од демонстрираните вештини и успешност во извршувањето на работните задачи.

Работник за подготовка на стока

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

• Средно Образование.
• Минимално работно искуство;
• Здрава личност; силна и издржлива во работите;
• Брзо учење и познавање на артиклите во Магацинот;

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ

• Има обврска за познавање на артиклите во магацинот и нивната локација согласно планот на нареденост на магацинот.
• Должен е со максимално внимание да се грижи за стоката во магацинот.
• Познавање на правилата за редење на стоката на палета односно неизлегување на истата од димензиите на палетата, почнување на редење на палетата од потешки кон полесни артикли, раздвојување на прехрана од хемија.
• Да не се почнуваат повеќе палети од ист артикал туку додека не се потроши една палета да не се почнува со друга.
• Познавање на планот за сместување на спремни палети по рампите.
• Стречирање на спремната палета.
• Подготовка на стока по нарачка од маркет по однапред утврден план за спремање.
• Подготовка на стока по барање на дополна од маркет.
• Подготовка на стока за екстра дистрибуција низ маркети.
• Евидентирање на бројот на спремени пакети, артикли и палети на дневно ниво во дневниот план за спремање кој го дава Раководител/Зам. Раководител на магацин.
• Ги извршува сите други работи од делокруг на своето работно место согласно укажаната моментална потреба, по налог на претпоставениот или Работодавачот

ВОЗАЧИ:

ОСНОВНА ДЕФИНИЦИЈА И ЦЕЛ

Работникот врши дистрибуција на спремената стока од магацините до маркетите на компанијата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

• Основно Образвование.
• Минимално работно искуство;
• Здрава личност; силна и издржлива во работите;
• Брзо учење и познавање на артиклите во Магацинот;

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ

Работникот е должен да ги извршува следните работни задачи:
• Се грижи за техничката исправност на возилото, негова чистота и редовно одржување;
• Води грижа за исправноста на сигналните уреди, кочниците, работата на моторот и сé што е потребно за исправно вклучување во јавниот сообраќај;
• Контролира и води евиденција за потрошувачката на гориво;
• Води уреден патен налог со датумот, часот и местото на движење со возилото;
• Се грижи за исправноста на документите за возилото и стоката која се дистрибуира (сообраќајна дозвола, товарни листови, испратници и друга пропратна документација);
• Води евиденција при примопредавање на робата со одговорниот од маркетот
• Благовремено известува за дефекти на возилото кај својот претпоставен;
• Ги извршува сите други работи од делокруг на своето работно место согласно укажаната моментална потреба, по налог на претпоставениот или Работодавачот.



Кај нас можете целосно да го ангажирате својот талент.
Кам ја почитува културната разноликост и ги препознава различните вредности и традиции. Кон секоја личност се однесуваме коректно и чесно, а нашите вредности се едноставност, продуктивност и флексибилност. Затоа се наоѓаме на врвот на скалилото на најпосакувани работници. Станете и Вие дел на нашиот успешен тим !!!

Дали го подбудивме Вашиот интерес? Искористете ја Вашата шанса!

Вашата апликација испратете ја до секторот за Човечки ресурси на и-меилот: vrabotuvanje@kam.com.mk