ЕСИ вработува

ЕСИ вработува

Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутена на пазарот од Мај 2007 година сосвојата централа во Скопје. Порано постоеше под името Тренквалдер Македонија.Компанијата ЕСИ (Employment Services International) во однос на времените привработувања работи со Лиценца А издадена од Министерството за Труд и Социјална Политика и е регистрирана под името ЕСИВремено Вработување. Во однос на услугите поврзани со посредување при вработување ЕСИ работи со лиценца за посредување при вработување во земјата и во странство издадена од Министерството за Труд и Социјална Политика и е регистрирана под името ЕСИ Кадровски Услуги. Како доказ за квалитетното извршување на услугите е сертификатот ISO 9001:2008 кој го има од 2011година.


За вработување кај наш клиент потребен е еден извршител/-ка:


Врз основа на член 22 став 1 точка 1 од Законот за работни односи-Пречистен текст (Сл.весник на РМ бр.25/2013), ТД ЗЕГИН ДОО Скопје, со седиште на ул.Народен фронт бр. 5/3-1 Скопје-Центар распишува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ


ТД ЗЕГИН ДОО Скопје, со седиште на ул.Народен фронт бр. 5/3-1 Скопје-Центар, има потреба од:

Сениор Java програмер со завршено ВСС и диплома од ФИНКИ, Електротехнички, Математички или други факултети со специјализирани студии за информатичка технологија – отсек за информатичка технологија.


- Претходно работно искуство во времетраење од најмалку 3 (три) години во JAVA програмирање и изработка на извештаи со ORACLE база во позадина;
- Искуство со пишување и изработка на напреден ORACLEPL SQL, искуство во изработка на процедури и тригери во ORACLEPL SQL;
- Искуство во изработка на брзи query-ja, брзо и професионално врзување на податоци со цел да се добие определен податок по барање на директорите;
- Искуство и познавање на ORACLEDDL команди;
- Познавање и искуство на веб технологии за изработка на веб апликации и извештаи со ORACLE база на податоци во позадина;
- Искуство во изработка на софтвер за фискални принтери за Linux околина;
- Искуство со работа во Jasper reports;
- Искуство на работа со Shell scripts, Ant scripts;
- Искуство за работа со XML фајлови;
- Искуство за работа со ПДА мобилни уреди и мобилни апликации;
- Искуство за работа на сигурносни и автентификациски системи, електронска архива и документ менаџмент;
- Познавање на Share Point и Alfresco rest сервиси;
- Познавање и работа со Jboss, Tomcat;
- Познавање на ОС Linux, Windows, IOS, Android;
- Основно познавање од мрежи.

Вработување на неопределено време со плата од 150.000,00 денари и обезбедено возило, телефон, платени едукации, неограничени можности за унапредување и едукации.

Дополнителни барања врзани за работата:
- Одлично познавање на два јазика, од кои задолжително одлично познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола Б категотија

Огласот трае 10 (десет) работни дена од денот на објавувањето, а изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 8(осум) работни дена по завршувањето на огласот.

Вашето CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци доставете ја по пошта на адреса АД ЗЕГИН ДОО Скопје, со седиште на ул.Народен фронт бр. 5/3-1 Скопје-Центар или на e-mail info@zegin.com.mk.

Напомена:
- Некомплетитраните апликации за работа нема да бидат земени предвид
- Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака нема да бидат разгледани

Општи правила за аплицирање:
- Именување на документ за аплицирање-CV (име и презиме на апликантот)
- Назнака на позиција за која се аплицира



ТД ЗЕГИН ДООСкопје