Оглас за вработување во Executive Search Consulting

Оглас за вработување во Executive Search Consulting

Executive Search Consulting за свои потреби објавува оглас за слободно работно место - Сметководител.

Одговорности / обврски на позицијата:

-Водење на финансиско сметководство согласно законските регулативи во Република Македонија (книжење на изводи, влезни и излезни фактури)
-Пресметување на плати и придонеси
-Електронско банкарство (денарски и девизен промет)
-Поддршка и дневна комуникација со домашни и странски клиенти
-Плаќање и изготвување на фактури врз основа на доставени трошоци
-Подготовка на месечни извештаи за НБРМ
-Координација со вработените во други оддели
-Учество/помош во административно работење кога е потребно

Барања на позицијата:

-Универзитетска диплома – Факултет за економија (отсек сметководство ќе се смета за предност)
-Лиценца за сметководител
-Најмалку 3 години релевантно работно искуство во сметководство
-Способност за превземање иницијатива, самостојна работа и справување со повеќе задачи во краток рок и внимание кон детали
-Неопходно е владеење на MS Office апликации (Word, Excel, Outlook)
-Одлични вербални, писмени и интеркултурни комуникациски вештини на македонски и англиски јазик

Бруто месечната плата изнесува 25,000 – 35,000 денари. Договорот  за вработување ќе биде склучен на 12 месеци, со можност за продолжување.

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на  info@esc.com.mk најдоцна до 20-03-2015. Во вашата пријава наведете го насловот на работната позиција. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју. Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост.