Оглас за вработување во Натусана Македонија

Оглас за вработување во Натусана Македонија

Натусана Македонија , генерaлниот застапник на Dr.Theiss Naturwaren GmbH, има потреба од прием на кандидати за работно место:

-комерцијален соработник и координатор на продажба

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
Високо образование – Економски, Фармацевтски факултет ( предност – фармакоекономија),
стоматолошки или медицински факултет со претходно искуство во веледрогериска продажба
Одлично познавање на Мајкрософт Офис пакет – Word, Excell, Power Point, Outlook Express
Познавање на германски и/или англиски јазик
Возачка дозвола Б Категорија со најмалку едногодишно искуство
Возраст – 25-45 години
Одлични организациски и комуникациски способности, способност и подготвеност за тимска работа, самоиницијативност, подготвеност за престој и работа на терен.
Во предвид ќе се земаат кандидати со живеалиште во Скопје.

Напомена- првата година од евентуалниот ангажман скоро во целост претставува канцелариска работа, прием и експедиција на нарачки, а подолготрајниот ангажман нуди можност и за координација и управување на севкупната продажба .

Пријавените кандидати ќе се селектираат по пат на интервју и тестирање. Заинтересираните кандидати нека испратат кратка биографија придружено со мотивациско писмо и фотографија на следната адреса: info@natusana.com.mk , најдоцна до 17 март 2015 година.