Оглас за вработување во Агенција Рејтинг

Оглас за вработување во Агенција Рејтинг


 

Агенција Рејтинг е специјализирана агенција за пазарни истражувања и контакт центар услуги која веќе осум години успешно работи на македонскиот пазар и пазарите во Европа. За потребите на нашите клиенти од земјите со англиско говорно подрачје, креираме тимови за деловна комуникација во различни области кои работат по највисоки професионални стандарди во индустријата.

Агенција рејтинг има потреба од:

Специјалисти за комуникација на англиски јазик

Заради зголемениот обем на работа и нови проекти, отворени се нови позиции за специјалисти за комуникација на англиски јазик со работно време од 09 до 17 часот секој работен ден.
Задолжителни квалификации за оваа позиција се одлично говорење и пишување на англиски јазик (минимум ниво Ц1, сертификат не е задолжителен), одлична деловна комуникација, и напредно познавање на пакетот МС офис и работа со компјутер.Предност ќе имаат кандидатите кои имаат искуство со маркетинг и продажба.

За оваа позиција примањата се над просечните, а со договорот се предвидени бонуси и награди според јасно определени критериуми.

Заинтересираните треба да испратат кратка биографија и мотивациско писмо на нашата е маил адреса info@rating.mk. Во мотивациското писмо задолжително треба да се наведе нивото на познавање на англискиот јазик, како и детали за тоа како во досегашната работа јазикот е применуван. Исто така, добро е да се вклучат информации за тоа дали кандидатот престојувал во некоја од земјите со англиско говорно подрачје(ќе се земат во предност оние кандидати кои живееле и работеле во тие земји),колку време и други релевантни информации за позицијата за која аплицира.

Со исполнување на условите, можноста за почеток со работа е веднаш. Искористете ја можноста да се приклучите кон професионален и мотивиран тим каде ќе се надградувате и напредувате во кариерата.