Оглас за вработување во АМСМ

Оглас за вработување во АМСМ

Како резултат на долгогодишното постоење, од една страна и континуираното залагање да чекориме заедно со најразвиените светски авто клубови од друга, денес со гордост можеме да кажеме дека АМСМ е современа организација во која се обединуваат богатото искуство и современите концепти на работење, карактеристични за потрошувачки ориентираните и модерни организации.


ВОЗАЧ МЕХАНИЧАР – БАЗА ОХРИД


КЛУЧНИ РАБОТНИ ОБВРСКИ:
- Помош на пат, Шлепување и Сервисни услуги (автомеханичарки, автоелектричарски работи)
- Тестирање и Дијагноза на возила
- Директен контакт со корисници

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Средно образование ССС – Машински, Електротехнички техничар
- Работно искуство од: автомеханика, автоелектрика, дијагностика на системите на моторните возила (ќе се смета за предност)
- Возачка дозвола за Б и Ц категорија (ќе се смета за предност Е)
- Основно познавање на MS Office
- Основно познавање на Англиски јазик, Германски и/или Турски јазик (ќе се смета за предност)

СПОСОБНОСТИ И ПОТРЕБНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ВЕШТИНИ:
- Тимска работа
- Свесност за безбедноста на работа
- Практично учење
- Способност за работа во динамична средина
- Ориентираност кон корисниците

Доколку сакате да ни се придружете и да станете дел од нашиот успешен тим, ја очекуваме вашата кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик во електронска форма да ни ја доставите на vrabotuvanje@amsm.com.mk со назнака РАБОТА – Возач механичар – Охрид, најдоцна до 30 март 2015.

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.