Средношколскиот Пленум повикува на Средношколски марш

Средношколскиот Пленум повикува на Средношколски марш

Незадоволството од лошите реформи во образованието се прошири и кај средношколците, па така, Средношколскиот пленум ќе организира марш во Тетово во среда на 18-ти март, објавија на својата фејсбук страна. Дополнително во кометарите беше најавено дека марш планирано е да се одржи и во Скопје на 19-ти март.

 


Средношколскиот Пленум ве повикува на Средношколски марш во Тетово на 18 март (среда), во 12:30 на плоштадот во Тетово, на кој ќе го изразиме нашето незадоволство од лошите реформи во средното образование, од екстерното тестирање и од измените за државната матура.

Овој марш е наднационален, надетнички, надрелигиски, непартиски. Апелираме да биде мирен, без говор на омраза, насилство и истакнување на национални и партиски симболи.

Собирно место е на самиот Плоштад во Тетово во 12:30 часот. Ќе маршираме по улицата Тодор Циповски - Мерџан, преку Иво Лола Рибар, сè до Работничкиот Универзитет, каде што се наоѓаат канцелариите на Министерството за образование и наука (МОН), Бирото за развој на образование (БРО) и Просветниот инспекторат.

Да кажеме „НЕ“ на лошите реформи во образованието кои од нас направија експериментални глувци. Имаме став, немаме страв!

Приклучи се! Имај подобро и поквалитетно образование!

// Marshi i nxënësve të shkollave të mesme
E mërkurë 12:30
Bashkangjituni!
Që ta shfuqizojmë ligjin e testimit ekstern dhe ta kthejmë ligjin e vjetër për Maturen Shtetërore!

Vendi i mbledhjes: SHESHI ILIRIA