Оглас за вработување во Демакс Нова
Фармацевтската компанија ДЕМАКС НОВА од Скопје објавува оглас за вработување на:
1 стручeн соработник (медицински претставник) за територија на Р. Македонија:
Потребни квалификации:
- високо образование (медицински, фармацевтски или стоматолошки факултет),
- активно познавање на англиски јазик,
- одлично познавање на MS Office
- положен возачки испит (Б категорија)
Вештини и способности:
- одлични комуникатори, аналитичари и организатори,
- стручност и елоквентност, енергичност,
- претприемачки дух, успешно продавање на производ или услуга
- справување со работа под притисок, исполнување таргети
- пожелно е претходно искуство при групни презентации и работа на терен,
Нудиме:
- работа во динамична средина, млад тим од стручни лица, добри услови, врвна обука, можност за докажување на вашите професионални способности, интернационална кариера.
Одговорности:
- презентирање и промоција на генерички лекови, ОТЦ препарати и диететски суплементи преку редовни посети на лекари и фармацевти.
Сите заинтересирани кандидати да достават CV, фотографија и мотивационо писмо на македонски јазик на e-mail: career@demaxnova.com
Огласот трае до 03.04.2015 година