Оглас за вработување во Нептун Македонија
Трговското друштво за промет на големо и мало, производство и услуги НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје (ул.”Качанички пат”, бр.56, Скопје, телефонски број 02/2656 737) распишува оглас за вработување на:
ПРОДУКТ МЕНАЏЕР
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
- ВСС – Во областа на економија, бизнис, маркетинг, технички науки
-Одлично познавање на англискиот јазик (чита, пишува, говори). Познавањето на албанскиот јазик се смета за предност;
-Напредно познавање на MS Office;
-Најмалку 3 години искуство во областа на продукт менаџментот, предност имаат кандидатите со искуство во малопродажба
-Искуство во развој на производи, стратешко планирање и имплементирање на продажбата на истите
-Поседување на аналитички способности;
-Одлични вештини на комуникација, пишана и вербална;
-Ориентираност кон рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено
Позицијата вклучува чести патувања на територијата на Р.Македонија, одлични организациски вештини, флексибилен приод кон извршување на работните задачи и исполнување на работните цели, познавање и разбирање на локалниот и регионалниот пазар на малопродажба.
Работни задачи, овластувања и одговорности;
-Дефинирање на пазарните цели и стратегијата за пласман на категоријата на производи;
-Идентификација на бизнис и оперативните цели врз основа на бизнис побарувањата и продажните цели на целата категорија на производи;
-Управување со in-life перформансите на категоријата на производи: продажба, маргина, спроведување на сеопфатна анализа на податоците од продажбата;
-Буџетирање на годишните залихи на производите, дефинирање на продажната цена и ценовен опсег, планирање на набавките, распродажби и промоции;
-Изготвување на продажна прогноза и постојан мониторинг на количеството на залихи во магацин за да се обезбеди навремена набака на производи
-Следење и анализа на трендовите и конкуренцијата
-Комуникација и преговарање со постоечките партнери и склучување на нови партнерства
-Координација и оддржување на блиска комуникација со сите внатрешни оддели
-Идентификувње и презентација на иновативни продукт решенија
-Одговорен за развој/оддобрување/ тренинг и комуникација на нови производи или промена на посточките и нивно поврзување со клиентите, оперативниот систем и нивното влијание врз другите оддели во Компанијата
Што нудиме?
-Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
-Континуирана обука и можност за напредување;
-Почетна основна нето плата во износ од 49.000 денари и можност за остварување на дополнителен продажен бонус и инсентиви;
-Неделно работно време – 40 часови, понеделник - петок (09:00h-17:00h);
Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации и вештини за успешно извршување на работните задачи на работното место испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: vrabotuvanje@neptun.mk со назнака: “Продукт менаџер”.
Огласот е активен 15 (петнаесет) дена од објавувањето. Проверете
тука
Општи правила за аплицирање:
Ве молиме без телефонски јавувања!
Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
Назнака на позицијата за која се аплицира
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.