Револтиран студент: Дали таблетите ќе ги уништат лебарките и глувците во студентските домови?

Револтиран студент: Дали таблетите ќе ги уништат лебарките и глувците во студентските домови?

Како студент кој е пред дипломирање се сомелив да кажам своето мислење.  Веќе четврта година живеам во студентски дом кој се распаѓа како и сите останати.  Четири години живеам со надеж дека утре ќе имам топла соба за која плаќам.  Четири години живеам со лебарки и глувци како најдобри пријатели, толку добри што по некоја лебарка можам да најдам и во оскудното јадење кое евентуално останало од стоте “порции“ за петстотитни студенти.  И тоа не било какво јадење туку војнички компир како што го нарекуваат тетките од мензата.

 

За јадењето не се дикутира.  Тој што ќе каже има – лаже и сам не верува во тоа што го кажал.  Топла вода за капење малку поретко особено кога поголеммиот дел од студентите не се заминати дома.  Мизерните услови и начинот на живот во секој студентски дом не може да се опише може само да се почувствува и тогаш не можеш да си веруваш дека во денешно време има нешто толку нечовечко и нехумано.  Да не се лажиме со “новите бараки“ во ДСД „ Стив Наумов “ – Скопје, на слика се може да изгледа совршено добро или мизерно.  А, доколку сакате да сте дел од некоја резиденција на студетските домови секако мора да имате добра врска и за добра пара.  За волја на вистината не секој добил кревет на таков начин, но и еден студент  да добил е повеќе од доволно, а не е еден.  Но, добро ќе си речи човек во услови кога луѓе умираат затоа што немаат соодветна здравствена услуга, а плаќаат здравствено осигурување, во услови кога некој нема што денес да јади, а си немоќен сам да смениш нешто ќе ги прифатиш и тие услови, но длабоко во тебе никогаш нема да ги преболиш и секогаш кога ќе слушнеш студентски дом и студентски живот ти иде да плачиш како мало дете. 

Точно е дека некои рани не заздравуваат, верувајте, особено кога ни виновни ни должни живеете мизерно, без јадење, без човечки услови. И сето тоа не би било драматично кога би отишле на факултет и добиете соодветна литература.  Мислам на онаа на македонски литературен јазик која ти овозможува да учиш на мајчин јазик.  Плукаме по ТИТО, а уште учиме на српско-хрватски и седиме во клупите во кои седеле нашите баби и дедовци додека се образувале.  Сакаме да веруваме дека учиме во европски факултети кои се најсовремени, но вистината е дека амфитеатрите се полни со кофи во кои капи водата од таваните. Каде се парите кои ги плаќаме не знам. Веројатно не можам ни да претпоставам што се случува со истите.  Има и такви студенти како на ФИНКИ и правен (замислете правен) полагаат на компјутер и секако системот паѓа, компјутерите се исклучуваат и кочат, сето тоа на штета на студентот, во добар дел од случаите чека наредна сесија.  Сеуште не стигнав во позиција да сакам таблет затоа што има уште да се набројува.  Сакам бесплатен јазвен превоз, сакам да учам во читална како нормален студент, а не да имам десет ќебиња на мене во мизерната студентска соба.  Сакам да да плаќам помала цена на храната која ја купувам.  Сакам да имам соодветна облека иако сум студент.  Да, сакам и културен живот, театрите во четврток се отворени за студентите, но немам пари за превоз.  Не сакам да се возам во возовите кои немаат парно и внатре е -10.  Возовите се посебна приказна која ја нема никаде. Верувајте.  Сеуште не сум во позиција да сакам таблет иако ги исполнувам сите услови да го добијам. Има уште многу.  Ова е доволно да кажам зошто не сакам таблет. Има уште многу работа за да се стигне до еден таблет, впрочем ако сево ова постои нема потреба некој да ми даде таблет.  

Студент кој знае дека ако го каже името може многу скапо да го чини