Европскиот младински форум бара волонтери

Европскиот младински форум бара волонтери


Европскиот младински форум го организира шестиот младински фестивал „YO!Fest“, кој ќе се одржи на 6 мај во Брисел. На него ќе се одржат политички дебати и образовни работилници, заедно со музички и културни настани.

Потребни се волонтери за помагање за време на настанот. Кандидатите треба да се на возраст од 18 до 35 години, да имаат искуство со работа во младински организации, да имаат одлични комуникациски вештини, да бидат подготвени за престој во Брисел од 4 до 6 мај, добро да зборуваат англиски јазик. Европскиот младински форум ќе ги покрие трошоците за патување, сместување, храна, осигурување.

Рок за пријавување: 29 март.

Официјален повик.