Натпревар: Ослободи ја идејата!

Натпревар: Ослободи ја идејата!

Преку глава ти е од општествените проблеми? Мислиш дека е залудно што и да направиш? Си се обидел ли воопшто?! До кога стравот и несигурноста ќе ти ги потискаат идеите!? Ослободи ја идејата и да преземи акција!



Младите можат во рамките на проектот “Ден на младински активизам”, организира повик за учесници на натпреварот “ОСЛОБОДИ ЈА ИДЕЈАТА” Повикот е отворен за сите млади кои ќе детектираат проблем и ќе предложат идеја за иницијатива во една од следните области:


    младински активизам;
    образование;
    животна средина;
    човекови права.

Што треба да направиш?

    состави тим од 3 до 5 млади лица на возраст од 16 до 22 години;
    предложете креативно решение за иницијатива во однос на некоја од гореспоменатите области;

Како да се пријавиш?


Рокот за аплицирање е  до 03.04 со пополнување на следнава пријава.

По истекувањето на рокот за пријавување, секој пријавен тим ќе добие свој ментор за консултации.

На 18ти април, на отворен настан секој тим ќе има свое излагање на кое ќе ја презентира својата идеја за иницијатива. Притоа, ќе се гласа за најдобрата идеја водејќи сметка за:

    релевантност на идејата
    иновативност на идејата
    изводливост на идејата

Победничкиот  тим ќе добие награда


    Седумдневно патување надвор од земјата за сите членови на тимот
    Поддршка од Младите можат за имплементирање на понудената идеја

Корисни линкови:

 * Погледнете го видеото за организирање на brainstorming сесија

** Погледнете го видеото кое ќе ви помогне да детектирате проблем.

 

Ве молиме, доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на: oslobodijaidejata@youthcan.org.mk