Оглас за вработување во Finance Academy
Finance Academy е компанија која нуди напредна подготовка на GMAT, TOEFL и кариерно советување специјализирано на финансиската индустрија.
Finance Academy има потреба од:
I) GMAT инструктор
Работата е на скратено работно време и се одвива од 18:00-22:00 часот (понеделник – петок). Вработенот ќе врши настава во групи и развој на производ.
Потребни квалификации:
– Положен GMAT со над 700 поени;
– Во последна година од студии или дипломиран економист.
Потребни документи:
- Кратка биографија (CV)
II) Консултант за кариерно советување
Работата е на скратено работно време и се одвива од 18:00-22:00 часот (понеделник – петок). Вработенот ќе врши настава во групи и развој на производ.
Потребни квалификации:
– Универзитетска диплома од областа на Финансии, Сметководство или Економија;
– Најмалку една година работно искуство во финансиска анализа или ревизија;
– Напредок кон CFA/ACCA би се сметал за предност.
Нудиме компетитивна компензација, платени обуки и можност за брзо напредување. Дополнително, позициите овозможуваат компатибилност со работа во полно работно време.
Доколку сте заинтересирани, ве молиме аплицирајте најдоцна до 03 Април 2015. Линк за аплицирање ќе најдете на нашата веб страна (
http://financeacademy.mk). Апликациите испратени по пошта нема да бидат земени во предвид.