Кој го измисли компјутерскиот вирус?

Кој го измисли компјутерскиот вирус?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Првите компјутерски вируси биле прилично здодевни. Тие не биле експерименти за напад на други корисници. Тие биле целосно ограничени на домашните мрежи. Ова било во 1971 година, кога немало интернет.


Првите верзии кои започнале да се шират надвор од приватните мрежи го правеле тоа офлајн, во времето кога интернетот бил на своите почетоци. Првите вистински „вирални“ вируси се ширеле преку флопи-дискови и се пренесувале од компјутер на компјутер со човечки раце.

Како започнале вирусите да се шират на овој начин? Зависи дали прашување за компјутерите на „Apple“ или персоналните компјутери. Во првиот случај, првиот вирус бил тинејџерска шега, а во вториот случај била мерка против пиратирањето.


Во 1981 година, Ричар Скрента бил во 9-то одделение пронашол грешка во кодот на компјутерот и ја искористил за да напише програма наречена „Elk cloner“ која ги заразува незаразените компјутери. Тој направил копија на флопи и започнал да ја шири во училиштето.


Првиот вирус за персоналните системи бил наречен „Мозок“. Тој бил направен од пакистанските браќа Басин и Амџад Фарук Алви. Тие тврдат дека го направиле „Мозок“ за да го казнат и следат пиратирањето на нивниот медицински софтвер.

Сега, низ интернетот се шират премногу вируси. Од друга страна, тоа отвара можност и за бизнис во поглед на продавањето на анти-вирус програми.