На бизнис кафе со еден од најдобрите менаџери во Македонија, Зоран Кочоски

На бизнис кафе со еден од најдобрите менаџери во Македонија, Зоран Кочоски



Бидете дел од 9 -тото Бизнис Кафе Македонија кое ќе се одржи на 26 март од 18.00 ч. во Every day (зградата на ПИОМ), на кое ќе имате можност да ги чуете искуствата за патот кон успехот од Г-динот Зоран Кочоски (сопственик и менаџер на Коузон Корпорација), Г-а Нина Ангеловска (Ко-сопственик и генерален менаџер на Grouper.mk) и Г-динот Проф. д-р Кочо Анѓушев (основач, претседател, ко – сопственик и сопственик на фирмите: ФЕРОИНВЕСТ , БРАКО , ЕДС).

Дружењето трае 2-3 часа во четврток од 18.00 часот. Првиот час е резервиран за гости успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.

Учесниците на бизнис кафето добиваат еден пијалок (кафе,вода, сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speed dating – от!!!

Влезниците по промотивна цена од 200 денари(важи само за СТУДЕНТИ) може да се уплатат на жиро сметка на Актива Вел Дооел Скопје. Откако ќе се пријавите за учество ќе бидете контактирани за следен чекор за уплатата.