Оглас за вработување во Македонски Телеком АД Скопје
Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје
Област на Главниот директор за Техника
Виши Специјалист за управување со проектот за легализација : 1 извршител со работен однос на определено време за период од 2 години.
Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место
Услови:
Високо образование – Факултет за градежништво и архитектура, машински факултет и факултет за електротехника или друг факултет
Активно познавање на англиски јазик
Способност за користење на компјутер (MS Office, Power Point и Интернет апликации)
5 години соодветно работно искуство
Работни задачи:
Надзор, координација и контрола на проектот за легализација вклучувајки ги сите 3 под-проекти - легализација на недвижности, легализација на базните станици, легализација на линиската инфраструктура
Одговорен е да одржува редовни состаноци со проектниот тим и е овластен да донесува релевантни одлуки за време на целиот проект;
Да биде централна точка за поднесување на извештаи и за комуникација од интерна гледна точка:
До GREC, како главен орган за поднесување на извештаи и комитет за ескалација и донесување на клучни одлуки;
До спонзори на под-проектот, во случај на потребна поддршка во поглед на било какви барања за ескалација на оперативно ниво (на пример во врска со членовите на тимот), во процесот на донесување на одлуки, преглед на клучните извештаи коишто се предмет на GREC/BoD комуникација;
До членовите на тимот, со цел да ги реализира нивните соодветни задачи во рамки на текот на проектот во кој се вклучени и навремено известување за одредени проблеми;
Подготовка на редовни извештаи за статусот за Одборот на Директори на Компанијата како информација за активностите за легализација на проектот;
Да ги координира и контролира сите активности извршени од геодетската компанија за легализација на целиот недвижен имот на Компанијата и сите инволвирани страни во делокруг на Проектот;
Да ги координира и контролира сите активности на компанијата вршител на услугата и на другите вклучени страни за легализација на BTS вклучувајќи и регистрација на правото на сопственост пред Агенцијата за катастар, делокруг на Проектот;
Да ги координира сите активности (подготовка на спецификации, работни налози, потврди за прием на испорачливи производи од трети страни, да осигура сообразност со договорните услови, итн.) со геодетската компанија за подготовка на геодетски испитувања, други документи потребни за легализација на фиксна линиска инфраструктура, делокруг на Проектот;
Врши контрола и управува со релевантниот буџет за Проектот, и врши преглед на проценките на буџетот за делокругот на Проектот;
Осигурува потполна транспарентност, ефикасно работење и извршување на Проектот;
Способности и вештини:
Лидерство, проактивен пристап, брзо фокусирање на суштинските прашања, аналитички способности и решавање на проблеми, флексибилност, организациски способности, способности за добро планирање
Кандидатот кој ги исполнува горенаведените квалификации треба да достави доказ за завршено образование, писмо за намери и биографија (CV со препораки и дипломи), на македонски и англиски јазик.
Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата или истата да ја испратите на следнава адреса: Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 или директно во Централната архива со назнака Молба за надворешен оглас – за работно место Виши Специјалист за управување со проектот за легализација.
Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667.
Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно, 40 часа неделно во прва смена.
Минималната основна нето плата која ќе се понуди е во висина од 28.871 денари и дополнителни додатоци на плата. Платата може да биде предмет на преговарање во зависност од работното искуството на пријавените кандидати.
Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.