Оглас за вработување во Собранието на Република Македонија

Оглас за вработување во Собранието на Република Македонија

Врз основа на членот 68 став 2 од Уставот на Република Македонија, a во врска со членот 27 ставови (6) и (7) од Законот за заштита на конкуренцијата („Службен весник на Република Македонија" број 145/2010, 136/2011 и 41/2014), Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 16 март 2015 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ОБЈАВУВАЊЕ HA ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ИМЕНУВАЊЕ НА ЧЛЕН НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА


I. Собранието на Република Македонија објавува јавен оглас за именување на еден член на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

II. За член на Комисијата за заштита на конкуренцијата може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:

1) е државјанин на Република Македонија;
2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
3) има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на правото и економијата;
4) да има минимум пет години работно искуство во струката и посебни знаења од областа на конкуренцијата, трговското право, менаџментот и финансиите и
5) има положено психолошки тест и тест за интегритет.

III. Пријавата за унество на овој оглас, личната биографија и потребните документи за докажување на исполнувањето на условите од точката II. на оваа одлука, во оригинап или заверена копија на нотар, заинтересираните кандидати треба да ги поднесат до Собранието на Република Македонија во рок од 12 дена од денот на објавувањето на оваа одлука во „Службен весник на Република Македонија„. Кандидатите треба да го имаат предвид членот 27 став (9) од Законот за заштита на конкуренцијата („Службен весник на Република Македонија" број 145/10, 136/11 и 41/14), којшто се однесува на случаите кои би можеле да доведат до судир на интереси при вршењето на оваа функција.

IV. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија, и во дневните весници „Дневник" „Вечер" и „Лајм" СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Број 08- 1281/1 16 март 2015 година Скопје ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Трајко Вељаноски. с. р. Дека преписот е верен на оригиналот тврди: ЗАМЕНИК НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Весна Стоименовска