Бесплатни извори на интернет кои треба да ги искористите

Бесплатни извори на интернет кои треба да ги искористите

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Кои се изворите на интернет кои човек треба да ги искористи?  Ви нудиме одлични веб страни кои дефинитивно треба да ги погледнете.

 

1


1. Секој документарец кој ќе сакате да го гледате

Documentary Heaven е интересна веб страна која содржи стотици документарни филмови кои морате да ги погледнете, а најдобриот дел е тоа што се бесплатни за гледање.

2. Е-маил за една употреба

Дали некогаш сте сакале да искористите некој бесплатен извор, меѓутоа ви барал да се регистрирате, а вие сте се двоумеле дали да го ставите вашиот меил?

Сега имате решение за тоа. 10 minute mail е веб страна која создава е-маил што постои само 10 минути пред да биде избришан.

3. Звуци на позадината

Понекогаш се` што ви е потребно е звуци во позадината за да се опуштите и релаксирано да работите.  A soft murmer е одлично решение за вас. Можете ад ја користите оваа веб страна за звуци во позадина како што се дожд, ветер, пожар итн.

4. Образование


Постојат илјадници различни места кои можете да ги посетите и да добиете бесплатно образование, но оваа страна ги искомбинира сите во еден пост.

5. Пари

И покрај тоа што звучи премногу добро за да биде вистинито, ако знаете каде да барате, можете да создадете пари на интернет. Проверете ја страната /r/BeerMoney за да пронајдете различни места кадешто можете да одите и да заработите пари.

6. Филмови со боречки вештини


Колку и да се добри документарците и образованието, понекогаш нема ништо подобро од филм со боречки вештини. Токму тоа го нуди веб страната која овозможува стриминг на кунг фу филмови.

7. Аудио книги


Слушањето на книга е одличен начин за трошење на време. Но, каде да пронајдете аудио книги? Постојат многу веб странии, но најдобрата е AudioBook Bay.

8. Архивирани веб страни


Дали некогаш ви недостасуваат старите веб страни на Geocities? Доколку одговорот е да, посетете ја архивата на интернет.