Оглас за вработување во Алкалоид
Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД, постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го сочуваме овој скапоцен подарок на природата. Повеќе од 7 децении со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец, затоа што веруваме дека ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СЕ
Корпоративни служби- Сервис во производство
1. 1. Електроинженер во Сервис во производство - 2 (две) позиции
Потребни квалификаcии и вештини:
- дипломиран електроинженер, насока- Електроенергетски системи и/или уреди;
- одлично познавање и употреба на пакетот MS Office;
- одлично познавање англиски Јазик
;- максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти и почитување рокови;
- пожелно е поседување возачка дозвола Б категорија;
- познавање на законската регулатива за електроенергетски постројки и инсталации;
- пожелно е работно искусtво со електроенергетски постројки и инсталации и со одржување на опремата.
Цел и одговорност на работното место:
- контрола на електроенергетски постројки и инсталации според правилници;
- учество во одржување на опремата и во решавање на проблемите;
- контактирање со надворешни институции и соработници со цел прибирање понуди, нивна техничка обработка и расчистување;
- водење евиденција за резервните делови и за активностите;
- активно учество во инсталирање нова процесна опрема;
- одговорност при модификација на опремата и на системите;
- одговорност за безбедноста при работењето и почитување на приоритетите на производството и на политиките на фирмата.
Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот.
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од; прва смена- од 06. 00 до 14. 00 часот и втора смена- од 14. 00 до 22. 00 часот.
Неделното работно време е од понеделник до петок. Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на празници е платена според Законот за работни односи.
Предвидената почетна основна нето плата за позицијата е од 14.700 до 26.570 МКД, во зависност од работното искуство на кандидатот.
Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават по електронски пат на следната електронска пошта: career@alkaloid.com.mk со назнака: „За оглас- Електроинженер во Сервис во производство"
При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа. соодветна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат известени во рок од 45, 90 или 120 дена од завршувањето на огласот за вработување, во зависност од бројот на пријавени.
Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.