Оглас за вработување во СОЛЕТА

Оглас за вработување во СОЛЕТА

Индустријата за месни преработки "СОЛЕТА" постои и започна со работа кон крајот на 1996 година, на која приказна и претходи повеќегодишно искуство, труд, работа и амбиции да се создаде капацитет за преработка на месо и производство на македонски месни производи. Во моментов, ИМП Солета има потреба од проширување на својот тим, на позиција: 

КОМЕРЦИЈАЛИСТ за реонска продажба на територија на Р.Македонија 

Потребни квалификации:
Минимум ССС
Работно искуство во теренска директна продажба и предпродажба во иста или слична прехранбена индустрија
Познавање на англиски јазик
Возачка дозвола Б категорија

Личен профил:
Одговорност и професионалност
Комуникативност и иницијативност
Лојалност, флексибилност и енергичност
Способност за тимска и самостојна работа
Способност за работа под притисок
Посветеност и желба за напредување

Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата кратка биографија на следната e-mail адреса: info@soleta.com.mk, со назнака: “за оглас Комерцијалист”.

Стручно техничко лице за тековни интервенции и одржување на машини согласно предвидената динамика 

Потребни квалификации:
Минимум ССС
Минимум 3 години исто или слично работно искуство
Одлично познавање на работа со компјутер
Познавање на англиски јазик
Возачка дозвола Б категорија

Личен профил:
Одговорност и професионалност
Лојалност, иницијативност, флексибилност и енергичност
Способност за тимска и самостојна работа
Способност за работа под притисок

Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата кратка биографија на следната e-mail адреса: info@soleta.com.mk, со назнака: “за оглас Техничко лице за одржување на машини”.