Убавината на едно од најретките монголски племиња -

Убавината на едно од најретките монголски племиња - "Одгледувачи на ирваси"

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

irvasi

 

Фотографот Хамид Сардар Афкхами ги изучува монголските и тибетските јазици, и е доктор на науки од Харвард. После живеењето во Тибет и истражувањето на хималајските региони повеќе од една деценија, Хамид започнал со годишни експедиции на монголската внатрешност со цел да ја документира земјата во која мнозинството од населението се`уште се номади.
 

Oваа негова серија на прекрасни фотографии  ја доловуваат убавината на едно од најретките монголски племиња наречено „Одгледувачи на ирваси“. Децата уште од најмала возраст се учат како да тренираат и како да се справат со ирвасите. Откако ирвасот е соодветно обучен, тој е послушен и нежен придружник дури и за најмалите деца.


Племето Дука е познато и како „Тсаан“, што значи „одгледувач на ирваси“. Денес постојат само 44 Дука семејства, што значи околу 200-400 луѓе. Нивниот главен извор на приходи е од туристичката индустрија - луѓето ги обожаваат нивните изведби, мајстории и јавањето на ирвасите.

Се хранат со ловење на помали животни, како зајаци, меѓутоа ловењето на орли се смета за привилегија. Само оние кои имаат висок социјален статус можат да ги ловат. Ова племе верува дека имаат духовна поврзаност со сите животни. Токму оваа поврзаност им дозволува да се чувствуваат како дома во природата и да ја одржуваат нивната култура и покрај влијанијата од надворешниот свет. 

 

Линк до галеријата.