Вработување во Европската студентска унија

Вработување во Европската студентска унија


Европската студентска унија е организација составена од 47 национални студентски унии од 39 земји. Тие претставуваат 11 милиони студенти во Европа. Потребна е личност за работа како комуникациски менаџер во канцелариите во Брисел, Белгија.

Менаџерот ќе биде одговорен за координирање на надворешна и внатрешна комуникација. Кандидатите треба да имаат диплома во јавни односи, технологија, новинарство, комуникации, графички дизајн или маркетинг, одлично познавање на англиски јазик и одлични технолошки вештини. Платата изнесува 2.400 евра за 37,5 часа неделно. Работата започнува во април.

Рок за пријавување: 25 март.

Официјален повик.