Оглас за вработување во Град Скопје

Оглас за вработување во Град Скопје

О Г Л А С
за прием на работници (пожарникари) во редовен работен однос на неопределено време


Се утврдува потреба од прием на работници (пожарникари) на неопределено работно време на работно место:

1. Пожарникар-спасител во Територијалната Противпожарна единица на Градот Скопје (БППЗ) 30 извршители

Покрај општите услови:

државјанин на Република Македонија;
полнолетен;
да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност; општа здравствена способност, кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве пособни услови:
- IV- противпожарен техничар или III или IV
- училиште од техничка или општа насока и курс за професионален пожарникар;
- здравствена и психофизичка способност; со или без работно искуство

Потребни документи: кратка биографија, доказ за државјанство, фотокопија од уверение за завршено образование, доказ за завршен курс за професионален пожарникар, доказ за здравствена и психофизичка способност. Физичката способност на кандидатите ќе ја утврди посебна комисија формирана од Град Скопје.

Заинтересираните кандидати бараните документи да ги достават во архивата на Град Скопје барака бр. 16 или на адреса Бул. Илинден бр. 82 со назнака за „О Г Л A C за прием на работници (пожарникари)" во рок од 10 (десет) работни дена од денот на објавување на огласот. Паричниот износ на основната плата за работното место Пожарникар-спасител изнесува 17.053.00 денари. Работно време е во смени и тоа 12 часа работа 24 одмор, 12 часа работа, 48 одмор.