Писмо од студент: Ви благодарам асистентке!

Писмо од студент: Ви благодарам асистентке!



За разлика од мнозинството луѓе, кои општествениот систем ги моделира така што речиси сите изгледаат и дејствуваат исто, како клонови на една замислена личност која е однесува баш така како што како што му одговара на системот, во нашето општество има мал процент кои не се сериско производство, кои размислуваат критички, кои почитуваат размислување различно од нивното, кои се креативни, иновативни, позитивни и кои сакаат секогаш да помагаат.

Ова е сликата која јас ја имам за мојата асистентка (би ја нарекла и професорка, но таа секогаш велеше не треба да ми се обраќате со професорке – треба уште многу за професорка, викајте ме само по име). Го пишувам ова за да и се заблагодарам на најприземната и најпозитивната личност која ја запознав во текот на оваа учебна година. На истата таа, која имаше способност да ни ги направи вежбите интересни, на истата таа која секогаш влегуваше насмеана и која секогаш ќе не прашаше:„ Како сте дечки? Добри ли сте денес?“ – не знам дали и колку и беше важно да слушне дали сме ние добри, но јас лично се чувствував убаво кога ќе ми го поставеше тоа прашање, некако ме расположуваше.

И сега кога веќе ја нема на предавања, сфаќам дека не било до прашањето, ниту до одговорот, туку дека било до неа - до начинот на кој го поставуваше прашањето и до начинот на кој го продолжуваше часот. Беше до начинот на кој ни зборуваше за децата со посебни потреби, мотивирајќи не да си ја сакаме професијата затоа што нашата е најблагородната професија која постои;беше до дискусијата на која секогаш инсистираше, во која бараше да се вклучат што повеќе студенти;беше до поттикнувањето на размислување и до инсистирањето на откривање на причиснко-последичните одности. Секогаш велеше размислувајте и научете зошто е тоа така, па така и не прашуваше, зошто мисилите дека е тоа така? И сега кога веќе ја нема да ни предава, сето ова ми недостастува. Ми недостасува некој да ме мотивира, некој позитивен, некој кој со толку многу љубов си ја работи работата. Ми недостасувате ВИЕ и мислам дека му недостасувате на целиот Институт за дефектологија. Луѓе како Вас и слични на Вас му недостасуваат на целото општество за да го мотивираат, затоа Ве молам вратете се и инспирирајте не.

Текстов го пишувам за да им влеам надеж на оние кои ќе го прочитаат дека не е се така црно во ова општество, дека има луѓе кои и покрај тоа што ја гледаат и чувствуваат оваа катастрофално безизлезна ситуација на преобразување на капацитетот во безрбетници, сепак веруваат дека ќе го сменат светот на подобро, вредни луѓе кои за жал општеството не ги вреднува.

Мануела, Ви благодарам за тоа што сте таква, каква што сте!