Оглас за пракса во Космик Девелопмент

Оглас за пракса во Космик Девелопмент

Космик Девелопмент е Канадска ИТ компанија со седиште во Скопје, која се занимава со развој и имплементација на иновативни софтверски, мобилни и веб решенија. Иако присутна само четири години на бизнис сцената, Космик веќе е мултинационална компанија во која работат над 150 професионалци во четирите претставништва лоцирани во Торонто, Белград, Скопје и Битола.

ПРАКСА ВО КОСМИК ДЕВЕЛОПМЕНТ – БИТОЛА

Компанијата Космик Девелопмент објавува конкурс за прием на практиканти за работа со социјални медиуми (social media).

Заинтерисираните кандидати за горенаведената пракса потребно е:

- да имаат познавања и практично искуство со следните социјални медиуми: Facebook, G+, LinkedIn, Twitter;
- да имаат одлично познавање на Англиски јазик, бидејќи истиот ќе го користат за време на праксата во пишана и усна форма;
- да имаат одлично познавање на пребарувачот Google и неговите алатки, како и на Windows алатките MS Office и MS Excel.
- да се креативни и да знаат да состават кратки, но инспиративни пораки;

Предност при селекцијата ќе имаат пријавените кандидати кои имаат изучувано академски предмети поврзани со Маркетинг односно Интернет маркетинг;

Избраниот кандидат ќе биде обучуван од искусен ментор кој ќе ја следи нивната работа и напредок. Доколку кандидатот успешно ги извршува задачите и доколку покаже ентузијазам во работењето ќе добие можност за вработување.

Предвиден е месечен надоместок за време на праксата.

Сите заинтересирани кандидати потребно е да испратат CV и мотивационо писмо на Англиски јазик на hr.bt@cosmicdevelopment.com